2.8 C
Skopje
недела, 1 март 2026

Атлетико со еден шут кон голот на Овиедо дојде до победа

Атлетико Мадрид извлече триумф на гостувањето кај Овиедо во 26-тото коло во Примера, благодарение на гол во последните моменти од мечот. Натпреварот заврши со минимални 0-1.

Во првото полувреме, домашниот тим беше доминантен и покажа поголема желба за победа. Јан Облак имаше неколку интервенции за Атлетико, додека неговиот колега на спротивната страна беше помалку активен. Тимот на Атлетико делуваше безопасно, без сериозни шанси.

Клучниот момент се случи во четвртата минута од надополнувањето. Атлетико изведе опасен напад, топката стигна до Хулијан Алварес, кој прецизно шутираше и го постигна единствениот гол за конечни 0-1. Тоа беше прв удар во рамките на голот на Овиедо за целиот меч и донесе сите три бода за гостите.

- Оглас -

Најнови вести