Атлетико вечер ќе се соочи со својот најголем кошмар, овојпат облечен како Црвен ѓавол

На Атлетико Мадрид при повторената ждрепка за осминафиналето во Лигата на шампионите, кога го добија Манчестер јунајтед за ривал, веројатно им се стемни пред очи бидејќи сфатија дека ќе мора повторно да се соочат со човек кој со години ги „тероризира“ особено во ЛШ.

Тој фудбалер е Кристијано Роналдо, кој досега беше максимално успешен против Атлетико во ЛШ и како играч на Реал Мадрид и како член на Јувентус. Роналдо против Јорганџиите во ЛШ никогаш не бил елиминиран и славел петпати. Вкупно им дал 25 гола и само против Севилја има повеќе.

Атлетико и Манчестер немаат шанса за титула во домашните првенства, па им останува да се борат за најважниот европски трофеј.

- Оглас -

Најнови вести