Палмеирас продолжува без пораз во Бразил

Сеара – Палмеирас (Бразил, 00 часот)

Во Форталеза ќе гостува моментно најдобриот тим во Бразил, Палмеирас, а гостите се големи фаворити за победа. Ќе се обидат со три бода да ја преболат елиминацијата во четвртфиналето на националниот куп, а имаат и причина да веруваат во нова победа.

Палмеирас нема ниту еден пораз во 10 кола во домашното првенство, а само ЦСА и Сао Паоло како домаќини успеаја да одиграат нерешено против лидерот.Проблем за лидерот е згуснатиот распоред, бидејќи по елиминацијата од Интернасионал во купот, од Порто Алегро преку Мендоза летаа директно за Форталеза, а по мечот со Сеара ќе заминат за Аргентина на мегдан на Годој Круз во меч од Копа Либертадорес.

Реваншот со Интернасионал, што значеше и прв пораз сезонава за Палмеирас и елиминација од купот покажа и неколку слабости. Тренерот Фелипе Луис Сколари е незадоволен од напаѓачите, па во офанзивата би требало да има измени, а треба и да се сочуваат сили и за мечот со Годој Круз.

Сеара ќе игра без Фабињо, кој е еден од клучните играчи во тимот, но се враќа стоперот Луиз Отавио, а ќе настапат и уште четворица фудбалери што не играа против Флуминенсе во Рио Де Жанеиро. Сеара изненадувачки на тој меч ремизираше 1:1, иако играше ослабена, па покажа дека има штоф за подобар пласман од 15-то место. Проблем за нив е што против Палмеирас не играат добро и имаат серија од 5 меча без победа. Ќе типуваме триумф на гостите, кои се веројатно и најквалитетната екипа во Бразил.

Предлог тип: 2 (1.88)

 

Интернасионал – Гремио (00 часот)

Во Порто Алегре бурно се прослави елиминацијата на големиот фаворит Палмеирас и големиот триумф на Интернасионал за пллуфинале во бразилскиот куп.

Сега на крилјата на убавиот успех треба да се освојат и бодови во домашното првенство против Гремио, екипа која е во налет и има три победи по ред.

Двете екипи ги делат само два бода, а Интернасионал моментно е подобропласиран на петтото место со 16 бода. Тоа најавува тврд меч, какви што впрочем беа и последните пет на овие два состави. Три од нив завршија без ниту еден погодок, а Интернасионал и Гремио по еднаш победија со по 1:0.

Тоа е добар знак за уште еден неизвесен и тврд меч со малку голови.

Предлог тип: 0-1 гол (2.50)

 

ЦСА – Атлетико Паранаенсе (00 часот)

Центро Спортиво Алагоано има само една победа во шампионатот на Бразил во 10 кола, но вечерва има одлична шанса за втор триумф. И се тоа поради една причина, гостувањето на Бока јуниорс на „Арена де Баихада“ во Коритиба, кај Атлетико Паранаенсе. Во среда бразилскиот тим ќе му биде домаќин на аргентинскиот гигант во меч од Копа Либертадорес и по тој повод тренерот на Атлетико, Тијаго Нуњеш одлучи да игра со комбиниран тим ноќеска против ЦСА.

Тоа е голема шанса за домашната екипа да слави и да побегне од претпоследното место на табелата во бразилската Прва лига.

ЦСА има 4 порази во низа, но сега вреди да се типува на изненадување и да се одигра единица.

Предлог тип: 1 (2.80)

 

Арсенал – Фиорентина (Интеранционален куп, 00 часот)

Двете екипи имаа победнички старт на купот што се игра во САД, а интересно ќе играат пак меѓусебе по пауза од 20 години. Во 1999 година во Лигата на шампионите Фиорентина со еден гол на два меча беше подобра од Арсенал.

Овој дуел е малку поинаков и ќе послужи како загревање за новата сезона, а Арсенал остави нешто подобар впечаток на почетокот на турнирот на 12 екипи. Го победија Баерн со 2:1, а Фиорентина неочекувано имаше доста мака со мексиканскиот состав Гвадалахара.

Винченцо Монтела доста и комбинираше со составот, им даде шанса и на новите играчи за да се воиграат за почетокот на италијанското првентство. Арсенал изгледаше доста квалитетно против Баерн, „топчиите“ најавуваат добра сезона и се поблиску до нова победа од Фиорентина.

Предлог тип: 1 (1.70)

 

Баерн Минхен – Реал Мадрид (Интернaционален куп, 02 часот)

Ова ќе биде првиот меч за Реал Мадрид по поразот од Бетис во последното коло на Ла Лига, а Зинедин Зидан веријатно ќе им даде шанса на Азар, Јовиќ, Менди и Родриго да дебитираат за кралскиот клуб. Реал сезонава ќе биде во ново руво, со неколку измени во составот, но амбициите остануваат исти, да се атакува на сите трофеи.

Баерн веќе одигра еден меч на Интернационалниот куп и загуби од Арсенал, а Нико Ковач се уште бара решенија на крилните позиции, откако Робен и Рибери си заминаа. Некако повторно Роберт Левандовски ќе го има главниот товар да дава голови, откако Баварците не се засилија конкретно со уште еден квалитетен шпиц.

Дуелите на Баерн и Реал секогаш се интересни, без разлика во кое натпреварување, а и ноќеска во САД очекуваме голови на две екипи кои се во врвот на европскиот фудбал.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.65)

 

- Оглас -

Најнови вести