Атман е повреден, нема да игра за Вардар во Саудиска Арабија

Павел Атман е повреден, има проблеми со прстот и веројатно нема да игра за Вардар во Саудиска Арабија на Супер Глоуб. Рускиот репрезентативец летово го засили европскиот првак, но ќе почека за официјално деби бидејќи се очекува да не игра десетина дена.

Интернационалниот турнир за најдобра екипа на планетата ќе се игра од 27. до 31. август, па голем знак прашалник е дали средниот бек на Вардар и поранешен член на Металург ќе успее да ја санира повредата до стартот на Супер Глоуб.

Македонскиот и актуелен европски првак ќе мора да игра на турнирот и без второто големо летно засилување, Хозе Гилјерме Толедо. Бразилецот дојде од Висла Плок повреден, беше и опериран и не е подготвен за настап.

Вардар ќе има повластена позиција на турнрирот во Саудиска Арабија и ќе почне директно во четврт-финалето против подобриот од квалификацискиот меч меѓу Њујорк сити и Ал Мухдар, а ако сè биде според очекуваниот распоред, Кил ќе биде главната пречка на патот до финалето.

- Оглас -

Најнови вести