Утринава е објавена новата АТП-листа на која нема многу промени на врвот. Рафаел Надал и натаму е на првото место со 7.660 поени, Ѓоковиќ го следи со 7.445 поени. Роже Федерер останува трет со 6.260 поени, а Дел Потро со 5.670 поени и Зверев со 5.025 поени ја сочинуваат првата петорка.
Во топ 10 уште се Чилиќ со 4.185 поени, Тим со 3.825, Андерсон е осми со 3.730 поени, додека Џон Иснер и Григор Димитров ги заменија позициите на деветтото, односно десеттото место.
Денес почнува и АТП-турнирот во Виена, а Ѓоковиќ ќе отсуствува со цел да биде подготвен на следниот турнир кој се игра во Париз, каде што ќе се обиде да го освои трофејот и да избие на чело на листата пред Надал, пред завршницата на сезоната, каде што АТП-финалињата ќе се играат во Лондон.