25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Атрактивна опција за Миовски, Глазгов Ренџерс го бара Македонецот на позајмица!

Бојан Миовски ќе ја напушти Жирона до крајот на месецов, а според британски и шпански медиуми, силен интерес за него има од шкотскиот гигант Ренџерс.

Трофејниот клуб од Глазгов го познава Миовски од времето кога тој даваше голови за Абердин, и би сакале да го донесат во своите редови како позајмен. Останува да се види дали во договорот ќе има и опција за траен трансфер и Миовски да може да биде откупен од Ренџерс по завршувањето на сезонава.

Бојан има четиригодишен договор со шпанскиот прволигаш, до летото 2028, но таму не добива многу шанси да игра, има 4 гола на 23 меча. Вечерва Жирона гостува кај Вилјареал, а Миовски воопшто го нема во составот по одлука на тренерот Мичел.

Интерес за Миовски има и од Валенсија, претходно се јавуваа Фрајбург и Хамбургер, но најблиску е до преселба во Шкотска.

- Оглас -

Најнови вести