Атракција – Браќата Бол денеска од 18 часот во „Градски парк“

Кошаркарскиот клуб Работнички на својата страница на „Фејсбук“ објави дека денеска, од 18 часот, во салата „Градски парк“ ќе се појави екипата на JBA USA (Јуниорска кошаркарска асоцијација), а во составот, покрај други големи потенцијали од САД, ќе бидат и двајца членови на познатото спортско семејство Бол.

Тие се гости на нашиот првак, а од Работнички ги повикаа заинтересираните да дојдат од 18 часот и да уживаат во мајсториите на браќата Ламело и Лиaнџело Бол, кои со својот талент претендираат да станат кошаркари во НБА-лигата како нивниот брат Лонзо, кој е член на ЛА лејкерс. Тие настапуваа во литвански тим. Атрактивните Американци во Скопје доаѓаат како дел од големата турнеја на JBA USA низ светот.

Влезот е слободен.

 

- Оглас -

Најнови вести