13.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Аца Трица по четврти пат седна на клупата на Хрватска

Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Хрватска (ХКС) го назначи Александар Петровиќ за привремен селектор на Коцкестите.

Петровиќ, кој е спортски директор на репрезентацијата, по четврти пат седнува на клупата на Хрватска.

Тој ќе ја предводи Хрватска во претквалификациите за Европското првенство 2025, а натпреварите ќе се играат во идниот месец и во февруари наредната година.

„Влогот е голем, прифатив да бидам селектор до крајот на сезоната, односно додека не го решиме прашањето околу новиот селектор. Подготвен сум да ги одработам тие два квалификациски прозори“, изјави Петровиќ.

Популарниот Аца Трица идниот месец го чекаат натпреварите Австрија и Полска во претквалификациите за ЕП 2025.

- Оглас -

Најнови вести