Австралија и Перу живеат за овој меч, на Мундијал се оди со 2-3 гола

6121 Казахстан – Словачка (Лига на нации, 16 часот)

Казахстан е едно од пријатните изненадувања во овој циклус на Лигата на нациите и моментно на половина од трката за првото место во третата група од Сегментот Ц се лидери на табелата со 7 бода, еден повеќе од Словаците.

Тука личи дека тие две селекции ќе бидат единствени кандидати за преселба во Сегментот Б, а Казахстан има и бодовна предност пред денешниот ривал и многу значајна победа во Трнава, кога славеа со 1:0 против Словачка.

Иако играат одлично и се многу незгодни на свој терен во Астана, сепак Словачка има и подобри индивидуалци, дел од нив што играат во реномирани клубови и подобар тим во целина, па ќе типуваме дека нема да загубат во меч со 2-5 гола.

Предлог тип: Х2&2-5 (1.64)

 

6051 Австралија – Перу (Финален бараж за СП, 20 часот)

Колку е магичен фудбалот покажува одлуката на Владата на Перу да го прогласи понеделник за неработен ден во очекување на финалниот бараж-меч за пласман на Мундијалот во Катар.

Најавено е дека над 10 илјади навивачи на Перу вечерва ќе бидат на стадионот „Ал-Рајан“ во Катар, наспроти само илјада на Австралијците.

Австралија долго беше земјата најголем страдалник во ваквите бараж-дуели и од 1965 година до 2001 имаше дури 6 порази и само една победа за настап на Мундијал.

Кенгурите малку се поправија со победите против Уругвај во 2005 и против Хондурас во 2017 година, но и сега се аутсајдери.

Ќе им недостасува Том Рогиќ, коj им е и најпознатиот играч во оваа генерација, а долго беше член на Селтик.

Двете селекции одиграа само еден меѓусебен меч, на минатото СП во Русија, и Перу славеше со 2:0.

Јужноамериканците и сега имаат малку поквалитетен тим, но ова е нокаут-меч и најдобро е да се типува на голови.

Предлог тип: 2-3 гола (1.97)

 

1612 Данска – Австрија (Лига на нации, 20.45 часот)

Ралф Рангник, неодамнешниот тренер на Манчестер јунајтед, сосема го смени ликот на австриската репрезентација и со него како селектор не загубија од актуелниот светски првак Франција, а го победија вицешампионот, Хрватска, и тоа на гости со 3:0.

Единствениот пораз на Германецот откако го презеде кормилото на Австрија е токму од Данска со 1:2 пред една седмица во Виена.

Данците претходно ја изненадија и Франција со победа од 2:1 во Париз, но пред три дена загубија од Хрватска на свој терен со 0:1 во исклучително интересната прва група во Сегментот А.

Ако денеска пак ја победат Австрија, ќе бидат на чекор од првото место и во конечен пласман.

На последните четири меѓусебни дуели Данска постојано ја победуваше Австрија, па типуваме и на петта победа во низа.

Предлог тип: 1 (1.95) Супер тип на Sport Life

 

 6102 Франција – Хрватска (Лига на нации, 20.45 часот)

Франција игра слабо во ова издание на Лигата на нациите и нема победа по три кола, што е изненадувачки лош ефект на светскиот првак.

Можно е и да се калкулира со цел да не се повреди некој од репрезентативците во период што следи веднаш по завршувањето на клупската сезона.

На триколорите им е поважно да бидат во топ-форма во финишот на оваа година, кога ќе ја бранат светската круна на Мундијалот во Катар.

Во Русија пред четири години ја победија токму Хрватска во финалето со 4:2, а Коцкестите им се еден од омилените ривали од кој никогаш не загубиле.

Досега имаат играно 9 натпревари и билансот е 6 победи на Франција и три нерешени.

Иако се големи фаворити и играат на свој терен, ќе ја „прескокнеме“ единицата и ќе типуваме дека двете репрезентации ќе дадат гол.

Предлог тип: ГГ (2.00)

 

6111 Исланд – Израел (Лига на нации, 20.45 часот)

Израел забележа многу важна победа во Тирана против Албанија и се проби на првото место по две кола во групата два од Сегментот Б во Лигата на нациите.

Интересно е што со Исланд имаат одиграно само два меча и на двата имаше многу голови.

Во овој циклус на Лигата на нациите на втори јуни во Хаифа ремизираа 2:2, а пред 12 години на пријателски меч победи Израел со 3:2.

И двете екипи играат брз фудбал и напаѓачки, па очекуваме хет-трик со 3 или повеќе погодоци на третиот меѓусебен дуел на двете селекции.

Предлог тип: 3+ (2.03) 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести