Австралијците се лути и ќе упатат свирежи кон Новак: Ние две години сме во карантини и имаме задолжителни вакцини, а на Ѓоковиќ сè му е дозволено (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ и дефинитивно ќе игра на Отвореното првенство на Австралија.

Светскиот рекет број еден оваа вест ја соопшти денеска, откако му беше дозволено од владата на Викторија да настапи иако нема примено вакцина против ковид-19.

Тоа наиде на големи критики од страна на Австралијците, коишто најавија дека ќе упатат голем број свирежи кон Новак Ѓоковиќ.

Спортската новинарка Саманта Луис на својот твитер-профил напиша. „Ова е скандалозна одлука, секој Австралиец којшто ќе биде на трибините од патриотски причини треба да го исвиркува Ѓоковиќ“.

Енди Махер, ко исто така е спортски новинар од оваа држава, напиша:

„Две години сме во карантини и ги почитуваме сите правила за да дојде Новак којшто не ни го сфаќа ковид-19 сериозно. Тој можеби е најдобар тенисер на сите времиња, но ова е скандалозна одлука“.

- Оглас -

Најнови вести