Куферите се спакувани: Ѓоковиќ ќе игра на Отвореното пренство на Австралија

По неколку недели претпоставки и шпекулации околу тоа дали Новак Ѓоковиќ ќе игра на Отвореното првенство на Австралија, најдобриот тениер во светот денеска конечно ги реши сите дилеми. Србинот ги спакува куферите и ќе замине во Австралија, каде што ќе го брани тронот на првиот гренслем-турнир во сезоната.

„Среќна Нова година на сите! Ви посакувам многу здравје, љубов, радости и среќа. Ми годеше тоа што бев со моето семејство, со драги луѓе. Се одморив од многу долгата, но и успешна 2021 година. Сега тргнувам за Австралија затоа што добив специјална дозвола и подготвен сум да живеам и да дишам тенис во наредните неколку недели од натпреварувањето. Фала на сите за подрршката“, напиша Ѓоковиќ во дел од коментарот на својот инстаграм-профил.

Отвореното првенство на Австралија стартува на 17 јануари и ќе трае до 30 овој месец, а Ѓоковиќ ќе атакува на јубилејниот 10-ти трофеј. Освен што ќе брка јубилејна титула во Мелбурн, Ноле е во потера на рекордната 21-ва гренслем-титула со која би ги оставил зад себе Рафаел Надал и Роџер Федерер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

- Оглас -

Најнови вести