Австрија има моќни Бикови, кој стаса на „Ред Бул арена“ не си замина без примен гол

Ред Бул Салцбург постави нов рекорд денеска и го одигра и 42-от меч по ред на домашен терен на кој постигна барем еден гол, што е историски ефект на шампионот на Австрија.

Популарните Бикови не дозволија ниту една екипа што дојде на последните 42 гостувања на „Ред Бул“ арена да си замине без примен гол.

Денеска рекордот го прославија со голот на Аргентинецот Николас Капалдо во 19. минута во дербито со ЛАСК.

Салцбург во финишот на дербито против ЛАСК води со 3:0 и сигурно ќе ја забележи и десеттата победа на десеттиот меч во новата сезона во австриското првенство, во кое пак е главен фаворит за титуата.

Биковите имаат вкупно 15 шампионски пехари, од нив 12 во последните 15 првенства, а апсолутната доминација трае од сезоната 2013/14 од кога Салацбург нанижа 8 титули по ред.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести