Австрјиците бараат огромна отштета за да го пуштат селекторот да биде тренер на Баерн Минхен

Актуелниот австриски селектор Ралф Рангник е пред договор да биде нов тренер на Баерн Минхен. Според најавите, најтрофејниот германски клуб е решен да го доведе Рангник, иако тој има активен договор со австриската фудбалска репрезентација.

„Разговорите со Баерн и Рангник се во завршна фаза. Сите во клубот се согласни дека тој треба да биде нов тренер. Закажан е нов состанок на кој треба да бидат прецизирани сите детали. Рангник не се планира како привремено решение, туку тоа би било соработка која би траела до 2026 или 2027 година. Баерн Минхен не очекува да има проблеми со Австирската федерација“, пишува германски „Билд“.

Според оптимистичките предвидувања, Баерн Минхен ќе плати меѓу два и три милиони евра како отштета за предвремен раскин на договорот. Најцрните сценарија се дека Австријците ќе бараат 15 милиони евра како отштета.

Рангник има големо искуство, а откако водеше повеќе нисколигаши во Германија, на големата сцена се појави во 1999 година како предводник на Штутгарт. Потоа беше тренер во Хановер, Шалке, Хофенхајм и Лајпциг, а беше на чело и на Манчестер јунајтед.

Како селектор на Австрија има биланс од 13 победи, три ремија и само пет порази.

- Оглас -

Најнови вести