Автогол во последен момент тешко се трпи, се истепаа претставници на Атлетико и на Вилјареал

Асистентот-тренер на Вилјареал, Иманол Идиакес, учествувал во физичка пресметка со неидентификуван претставник на Атлетико Мадрид по завршувањето на возбудливото дерби на „Ванда Метрополитано“, што заврши со резултат 2:2.

Драмата се случи во последните моменти од мечот, кога Аиса Менди си постигна невиден автогол со кој шампионот Атлетико се спаси од пораз во последен час.

Потоа имало вербални дуели меѓу претставниците на двете екипи, а шпанските медиуми објавуваат дека се случила физичка пресметка меѓу Идијакес и човек од Атлетико што не е именуван.

Гостинскиот тренер, Унаи Емери, збесна веднаш откако се случи трагикомичниот автогол, што му ја одзеде победата на Вилјареал над шампионот Атлетико Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести