Играчот од средниот ред на Фортуна Диселдорф, Ерик Томи си постигна смешен автогол со рака, откако несмасно ја промаши топката со ногата на мечот против Херта, но ако неговиот кикс е смешен, тогаш тој на голманот на Гренобл, Брис Мобло е ненадминлив.
Мобло сакаше да ја фрли топката со рака во поле, но се заврте на погрешната страна и сам си ја фрли топката кон својата мрежа. Се обиде да реагира, за негова жал, секако и на тимот на Гренобл веќе беше доцна, па судијата покажа на центарот.
https://twitter.com/_Axolt_/status/1233481370082652160?s=20
Второлигашот Гренобл загуби од Каен со 0:2 на гостински терен, а гостите беа поразени за само 60 секунди, откако најпрво мрежата им ја затресе Џеси Пи во 17. минута, а потоа Мобле си постигна циркуски автогол.
Играчот на Фортуна се најде во уште понезгодна ситуација, бидејќи со неговиот автогол во 64. минута почна пресвртот на Херта. Томи со автоголот намали на 3:1 за тимот од Берлин, кој потоа до 75. минута постигна уште два гола и се спаси од пораз со реми 3:3, иако имаше негатива од 0:3 во Диселдорф.