Автомобилот на Ванда каменуван од непознат сторител

Непознат сторител се обидел да ја повреди Ванда Нара, сопругата и агент на Мауро Икарди. Ванда со својот автомобил во кој биле и нејзините деца, се движела во близина на стадионот „Џузепе Меаца“ кога од никаде излетал камен и удрил во еден од прозорите на автомобилот.

За среќа, повредени нема, но ова очигледно е дело на навивач на Интер, кој најверојатно се обидел да испрати заканувачка порака кон Ванда за проблемите кои ги создаде во клубот. Имено, врската меѓу Икарди и Интер е влошена токму поради нејзино мешање, пред неколку дена Аргентинецот ја загуби капитенската лента, а потоа одби да настапи во Лигата на Европа.

Сопругата на Икарди прави проблеми околу новиот договор на напаѓачот, а во неколку наврати јавно ја критикуваше управата на клубот и ја наруши хармонијата во соблекувалната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести