Три гостински победи и само една домашна имаше на четирите меча од првиот дел на вечерната програма во Конференциската лига.
Честа на домашните екипи ја спаси АЗ Алкмар, кој минимално со 2-1 славеше над Спарта Прага.
Со истиот резултат, но во корист на гостите, заврши мечот помеѓу Ријека и француски Стразбур.
Идентични победи од по 1-3 на гости забележаа Рајо Ваљекано и Шахтер Доњецк, во дуелите против Самсунспор, односно Лех.

