Еден Азар со критики за ВАР: „Комплетно би го укинал!“

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Челзи, Еден Азар, го критикуваше ВАР-системот. Некогашниот белгиски репрезентативец во разговор за телевизијата RTBF изјави дека би го отстранил ВАР од фудбалот.

„Има некаква магија во тоа што фудбалот понекогаш е неправеден. Дури и кога ни е тешко да ја прифатиме таа неправда како играчи или како навивачи, кога работите ќе се свртат против нас. ВАР е убиец на емоциите. Го гледав брат ми Торган на натпреварот против Левен. Еден играч постигна фантастичен гол, но мораше да чека пет минути за да го прослави. Тоа навистина не ми се допаѓа. Би го тргнал ВАР целосно од фудбалот“, изјави Азар.

Еден Азар ја заврши својата кариера во летото 2023 година, а настапуваше за Лил, Челзи и Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести