Азар призна дека како дете навивал за лондонски тим, не за Челзи

Крилото на Реал Мадрид, Еден Азар, откри дека како дете бил фан на Арсенал. Белгиецот кој стана светска ѕвезда благодарение на игрите во Челзи, како мал бил симпатизер на друг лондонски тим, најмногу поради француските ѕвезди во составот кој тогаш беше предводен од Арсен Венгер.

„Кога бев мал, најмногу сакав да ја гледам репрезентацијата на Франција. Ги обожував Зинедин Зидан и Тјери Анри. Тешко ми е да признаам поради приврзаноста кон Челзи, но во тоа време го симпатизирав Арсенал. Имаа играчи како Робер Пирес, Силван Вилтор и Патрик Виера, Французи на кои им се восхитував“, вели Азар.

Азар говореше и за тоа како го минува времето додека се рехабилитира од многубројните повреди кои го мачат по трансферот во Реал.

„Наполнив 30 години и ако телото ми дозволи, сакам да играм најмалку уште 5-6 години. Кога сум повреден, повеќе сум дома и можам да му обратам внимание на семејството. Не е крај на светот, имам повеќе време за децата. Ако си повреден и сам, без блиски луѓе, сигурно е многу потешко”, додава Белгиецот.

- Оглас -

Најнови вести