Азар стана татко по четврти пат, нема да игра против Мајорка

Еден Азар нема да биде во составот на Реал Мадрид на вечерашното гостување кај Мајорка, затоа што утрово го доби своето четврто дете, и тренерот Зинедин Зидан му даде слободен ден во кој може да прослави. Одмор ќе добие и Даниел Карвахал кој ќе биде поштеден, а поради повреда, гостувањето кај тимот на Александар Трајковски ќе го прескокнат и повредените Начо, Крос, Модриќ, Лукас Васкес и Бејл.

Од повредените, Марко Асенсио најмногу жали што нема да има прилика да заигра на стадионот на кој се прослави како младинец и од Мајорка се пресели во Реал Мадрид. Асенсио имаше скинати лигаменти и на терените нема да се врати минимум до март.

Во тимот се враќаат левите бекови Марсело и Менди, а првпат сезонава шанса може да добијат Брахим и Маријано Дијас. На листата на кандидати е и младиот Бразилец Родриго, кој не настапил од денот кога дебитираше против Осасуна и даде гол.

Азар нема да патува со останатите играчи на гостувањето на Палма, затоа што стана татко, додека неиграњето на Крос и Модриќ може да отвори простор за Иско и Хамес.

- Оглас -

Најнови вести