Азербејџан и Шведска со голеада го отворија новото издание на Лигата на нациите (Видео)

Првиот натпревар од новото издание на Лигата на нации започна со меч од дивизиција „Ц“, во кој се сретнаа селекциите на Азербејџан и Шведска. Гостите од Скандинавија беа поуспешни со 1-3, но долго се мачеа да ја оправдаат фаворитската улога.

Фудбалерот на Њукасл, Александер Исак, беше херојот на Шведска, кој со голови во 65-тата и 71-вата минута донесе убедливи 0-2, а на 0-3 зголеми Гјокерс од пенал во 80-тата минута. Почесниот погодок за Азербејџан беше дело на Дадашов во 82-рата минута.

- Оглас -

Најнови вести