Азербејџан му гарантира безбедност на Мхитаријан, Арсенал не верува

Азербејџанската фудбалска федерација како организатор на финалето на Европа Лигата објави дека му гарантира безбеден престој на Хенрик Мхитаријан, но во Арсенал се скептици, дали воопшто да го вклучат ерменскиот репрезентативец на списокот со патници за Баку.

На „олимпискиот стадион“ во главниот град на Азербејџан на 29. мај од 21 часот ќе се игра мечот меѓу Арсенал и Челси за пехарот во Европа Лигата, а голем проблем настана со статусот на Мхитаријан.

Ерменија и Азербејџан се формално се уште во војна, а спорот околу областа Нагорно Карабах ги раскина дипломатските врски меѓу двете соседни земји. Долго имаше и борбени дејствија, сега има привиден мир, а државјаните на двете земји не можат да патуваат во Азербејџан и во Ерменија.

Тоа доведе до ситуација Михтаријан да не може да игра во финалето во Баку, а сепак според објавата на фудбалската федерација на Азербејџан можно е да дојде до промена на нешто помалку од две седмици до финалето во Баку.

Од Арсенал имаше реакција до УЕФА за според нив проблематичниот избор на Баку како организатор на финалето, а се уште не се знае дали „топчиите“ ќе имаат верба во гаранциите од Азербејџан за безбеден престој и настап на Ерменецот на финалето во Баку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести