Аѕурите и дефинитивно без НБА-ѕвездата на Евробаскетот

Италијанската кошаркарска федерација ја потврди повредата на Данило Галинари и неговото дефинитивно пропуштање на Евробаскетот кој почнува на 1 септември.

НБА-ѕвездата и прво име во екипата на Аѕурите, вчера се здоби со напукнатина на менискусот во победата над Грузија, но за негова среќа не ги искина внатрешните лигаменти на коленото. Сепак, Галинари не ќе може да ѝ помогне на својата селекција на претстојниот континентален собир, што е огромна загуба на квалитет за Италијанците.

Италија својот прв меч на Евробаскетот ќе го игра против Естонија на 2 септември, а во групата Ц е уште против Грција, Хрватска, Велика Британија и Украина.

- Оглас -

Најнови вести