Браво шампионе: Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонскиот кик-боксер, Бобан Илиоски, е светски шампион во ВАКО Про во дисциплината К1, откако вечерва со 2-1 го победи турчинот Берк Дузенли во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Првите две рунди минаа во израмнета борба, а тучинот покажа зошто е актуелен светски аматерски шампион. Сепак, во следните рунди нашиот боксер ја презеде иницијативата, но и прими неколку удари од противникот. Навивачката група „Комити“ направија фантастична атмосфера, а Илиоски понесен од големата поддршка која ја добиваше од трибините дојде до победата од 2-1 со одлука на судиите.

Илиоски сега е актуелен европски и светски шампион во ВАКО кик-бокс.

- Оглас -

Најнови вести