Бабунски го одлучи второлигашкото дерби во Радовиш

Детонит Плачковица го победи Пелистер со 1-0 во второлигашкото дерби и сега радовишани имаат само еден бод помалку од битолчани, кои остануваат втори на табелата.

Стефан Бабунски беше стрелец за Д. Плачковица, а гостите имаа прилика да изедначат, но Љамчевски не реализира пенал во второто полувреме, голманот Ѓоргиев одбрани, па радовишани сезонава остануваат со стопроцентен учинок на домашен терен.

Поразот на Пелистер ја израдува и Беса, која е лидер и сега на битолчани им бега осум бода. Денеска Беса славеше на гостувањето кај Саса Каменица со 3-0.

- Оглас -

Најнови вести