Бабунски повикан во репрезентацијата на местото на повредениот Јаховиќ

Дориан Бабунски, кој сезонава игра во добра форма во бугарската лига и има дадено 6 гола, од кои вчера постигна два, доби повик во националниот тим на Македонија за квалификациските мечеви со Ерменија и Исланд. По повредата на Адис Јаховиќ, селекторот Благоја Милевски реши дополнително да го повика помладиот од браќата Бабунски за зголемување на конкуренцијата во офанзивниот ред.

„Ова е огромно признание за неговата работа во текот на целата година во Ботев Враца! На сите наши играчи кои ќе бидат со националните тимови им посакуваме успешни натпревари и враќање без повреди“, порачаа од клубот Ботев Враца, за којшто игра Бабунски.

Од ФФМ информираа дека во репрезентацијата повикан е и Енур Тотре, на местото на Ердал Ракип.

Фудбалерот на шведски Малме има болка во коленото и денешниот извештај од магнетната резонанца ќе потврди колку време Ракип ќе отсуствува од терените. Денеска во 12 часот во хотел „Хилтон“, националниот тим го има првиот собир, тренингот е од 17 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

- Оглас -

Најнови вести