Дориан Бабунски двоен стрелец

Македонскиот интернационалец Дориан Бабунски, продолжи да ги тресе мрежите во бугарскиот шампионат. Тој денеска постигна два гола, од кои еден од пенал, а три минути подоцна погоди и со глава, но тие два гола не беа доволни за неговиот тим да остане непоразен.

Арда го совлада Ботев Враца со 3-2, а после поразот, тимот на Бабунски е на претпоследно место на табелата. Бабунски со 6 гола сезонава е на делба на второто место на листата на стрелци во лигата заедно со Сотириу од Лудогорец, а пред нив е само Каиседо од ЦСКА Софија, кој има 7 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести