Баер доцна се разбуди, Баерн ја освои јубилејната 20. титула во купот (Видео)

Баерн Минхен освои нова двојна круна, а вечерва со победа од 4:2 против Баер Леверкузен во Берлин ја одбрани титулата во националниот куп на Германија.

За најтрофејниот германски клуб ова е јубилеен 20. пехар во популарниот ДФБ покал, а до него стасаа со убедлива игра во првото полувреме.

Давид Алаба со прекрасен гол од слободен удар во 16. минута најави дека пехарот ќе остане во Минхен, со кус престој во Берлин, каде вечерва се играше финалето.

https://www.youtube.com/watch?v=5qQBdz88efk

Веднаш по него прецизен беше и Серж Гнабри, па Баерн по само 24 минути игра веќе имаше предност од 2:0.

https://twitter.com/livestream_103/status/1279482552198152192?s=20

Во второто полувреме се разбудија и играчите на Баер, но грешката на Лукас Храдецки во 59. минута им ги скрши сите надежи за подвиг.

Роберт Левандовски упати удар од далечина, а лошо реагираше голманот на Баер, топката му мина низ раце за негатива од 0:3.

https://twitter.com/AbzKB_/status/1279495880803069953?s=20

Интересно е што асистент на голот беше голманот на Баерн Мануел Нојер, а Левандовски го постигна јубилејниот 50. гол сезонава.

Прв гол за поразениот тим постигна Бендер во 63. минута, а одговори повторно Левандовски со погодок за печат на новата куп-круна на Баерн Минхен.

Баер имаше сила само за уште еден гол што го постигна Хаверц од пенал во последните моменти.

- Оглас -

Најнови вести