Алкарас беше прогласен за најдобар спортист во светот, а потоа следуваше шок

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас синоќа беше прогласен за спортист на годината добивајќи ја престижната награда „Лауреус“, на гала-церемонија која се одржа во Мадрид. Алкарас беше одличен во минатата година, кога ги освои гранслемите „Ролан Гарос“ и Отвореното првенство на САД, а сезоната ја заврши на првото место на светската ранг-листа. 

За малку повеќе од еден месец ќе започнат возбудувањата токму на „Ролан Гарос“, каде што Алкарас треба да го брани тронот, но многу веројатно е дека Шпанецот нема да настапи. Тој уште има лонгета на раката и прашање е дали ќе може навреме да се подготви за таков голем предизвик.

Дури и самиот Алкарас како да сакаше да најави дека нема да настапи оваа сезона во Париз.

„Подобро би се вратил подоцна, но во одлична форма отколку да брзам и да не се чувствувам 100%. Се надевам дека ќе имам долга кариера. Тоа што толку многу се притискам за да играм на ‘Ролан Гарос’ може да ми наштети за идните турнири. Вакви работи се случуваат во професионалниот спорт. Морам да ги прифатам. Морам целосно да закрепнам ако не сакам ова да ме засегне во иднина“, рече Карлитос по добивањето на наградата ‘Лауреус’ за спортист на годината“ во 2025 година.

Сепак, Алкарас не губи надеж дека можеби и ќе може да настапи на „Ролан Гарос“ затоа што допрва треба да го направи клучниот медицинси тест. „Следните прегледи и тестирања ќе бидат клучни“, додаде Алкарас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести