Актуелниот германски шампион Баер Леверкузен оствари важна победа од 3-1 против Бохум на домашен терен и се доближи на само три бода негатива во однос на лидерот Баерн Минхен на врвот на табелата во Бундеслигата. Баерн има и еден натпревар помалку, со оглед дека утре ќе го пречека Сент Паули во тековното коло.
Алеиш Гарсија го доведе Баер Леверкузен во водство во 20-тата минута, а само шест минути подоцна израмни Феликс Паслак.
Сепак, во вториот дел домаќинот го реши натпреварот во своја корист. Виктор Бонифекс погоди во 60-тата минута за нова предност од 2-1, а третиот гол за Баер Леверкузен ги постигна Амине Адли во 87-та минута.