Баер и Чаби го израмнија рекордот на Бенфика и Еузебио, сега атакуваат на рекордот на Селтик

Фудбалерите на Баер Леверкузен со победата од 1-5 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт дојдоа до 48-миот натпревар без пораз во сите натпреварувања. „Фармацевтите“ предводени од Чаби Алонсо со тоа го израмнија рекордот на Бенфика, која предводена од легендарниот Еузебио немаше пораз на 48 меча од 1963-тата до 1965-тата година.

Екипата од Леверкузен веќе во четврток може да го надмине овој рекорд на дуелот против Рома во полуфиналето од Лигата на Европа, но и да тргне кон еден друг рекорд, кој не е надминат повеќе од еден век.

Рекордот на Бенфика е за перодот кога официјално почнуваат да се играат клупските натпреварувања на УЕФА, односно Купот на шампионите во 1956-тата година, но шткоски Селтик во перодот до 1915-тата до 1917-тата година имаше неверојатна серија од 62 натпревари во низа без пораз. Рекордот на Селтик е вистински предизвик за Баер Леверкузен и Чаби Алонсо во следниот период.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1787171424005657057?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1787171424005657057%7Ctwgr%5Eae77c40a5c4f2b420a61923303df52c7d5c24db2%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.si.com%2Fsoccer%2F2024%2F05%2F05%2Fbayer-leverkusen-unbeaten-streak-48-tying-record

- Оглас -

Најнови вести