Баер Леверкузен го има првото засилување: Пристигнува капитенот на шпанската сензација

Новиот шампион на Германија, екипата на Баер Леверкузен, е многу блиску до ангажманот на првото засилување за ова лето. Се работи за капитенот на шпанската сензација Жирона, Алеикс Гарсија, кој го предводеше малиот клуб од Каталонија до историскиот пласман на третата позиција и Лигата на шампионите. Сепак, Гарсија следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, но не за Жирона.

Баер Леверкузен треба да им плати на Шпанците помеѓу 15 и 20 милиони евра за овој трансфер и само прашање на време е кога и официјално ќе се реализира. Гарсија оваа сезона за Жирона настапи на 40 натпревари, а летово ќе игра и на Европското првенство во Германија.

Алеикс Гарсија освен за Жирона, во својата кариера настапуваше и за Виљареал, Манчестер сити, Мускрон, Динамо Букурешт и Еибар.

- Оглас -

Најнови вести