Баер Леверкузен го победи Аугсбург со 2-0 на домашен терен и сѐ уште е „жив“ во трката за тотулата во Бундеслигата. Барем до следното коло, кога сѐ ќе зависи од Баерн Минхен. Патрик Шик донесе водство, а Емилијано Буендија ги постигна вториот гол за Баер Леверкузен на овој дуел.
Баварскиот клуб славеше со 3-0 против Мајнц пред своите гледачи. Лирој Сане го отвори резултатот во 27-та минута, Мајкл Олисе зголеми на 2-0,а третиот гол беше дело на Ерик Даер во 84-та минута од натпреварот.
Борусија Дортмунд во голеада славеше на гости против Хофенхајм со 2-3 во меч што траеше цели 105 минути, а Холштајн Кил и Борусија Менхенгладбах беа уште поефикасни, мечот заврши 4-3 за домаќинот.
Фрајбург го победи Волсфбург на гости со 0-1, со голот на Макс Росенфелдер во 49-та минута.