30.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Баер Леверкузен му нуди нов почеток на Рахим Стерлинг

Баер Леверкузен е еден од клубовите кои го следат напаѓачот на Челзи, Рахим Стерлинг. Англискиот репрезентативец не се наоѓа во плановите на менаџерот Енцо Мареска, а клубот сака да го продаде за да го намали пренатрупаниот ростер. Фармацевтите би можеле да ја искористат ситуацијата и да го ангажираат искусниот офанзивец.

Минатата сезона Стерлинг ја мина на позајмица во Арсенал, каде што не успеа да остави посериозен впечаток, постигна само еден гол и запиша пет асистенции на 28 натпревари, најчесто влегувајќи како замена.

Баер Леверкузен би можело да му понуди нов почеток, особено што оваа сезона ќе настапува во Лигата на шампионите. Со Ерик тен Хаг на кормилото на германскиот тим се очекува поголем акцент во играта да биде ставен на крилните позиции, а тука Стерлинг секако би дошол до израз.

Иако постојат оправдани сомнежи околу неговата моментна форма, искуството и европскиот менталитет на Стерлинг би биле од голема вредност за тимот од Бундеслигата. Тој, пак, ќе се надева дека токму на „Бај Арената“ ќе ја врати својата стара препознатлива форма.

Сепак, високата плата на поранешната ѕвезда на Манчестер сити би можела да ги искомплицира преговорите. Најверојатно ќе мора драстично да ги намали своите финансиски барања доколку сака да го облече дресот на Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести