Баер Леверкузен му одржа лекција по фудбал на шампионот Баерн Минхен (Видео)

Баер Леверкузен славеше во големото германскот дерби против Баерн Минхен со 3:0, во меч од 21 коло на Бундеслигата. Со овој триумф Фармацевтите ја задржаа лидерската позиција и сега имаат 55 бодови, а Баерн Минхен сега заостанува пет бода. Трет во првенството е Штутгарт кој има двоцифрено заостанување, па јасно е дека трката за титулата ќе биде меѓу екипите кои вечерва играа во Леверкузен.

Од самиот почеток Баер покажа дека е решен да победи и првата радост стигна со голот на Јосип Станишиќ во 18 минута. Хрватскиот дефанзивец кој го има носено и дресот на Баерн Минхен, не сакаше да се радува на погодокот.

На почетокот на второто полувреме Алехандро Грималдо зголеми на 2:0 што беше потврда за одличната игра на Баер Леверкузен. Во последните моменти од мечот Баерн тргна со сите сили во напад, а тоа го искористи Фримпонг кој даде гол од преку 35 метри на празна мрежа за конечни 3:0.

 

- Оглас -

Најнови вести