Баер Леверкузен продолжува да ги „гази“ ривалите, победи на гости кај Хофенхајм

Баер Леверкузен продолжува со блескавите игри во германското првенство, откако победи и на гостувањето кај Хофенхајм со 3:2, во меч од 10 коло. За Фармацевтите ова е деветти триумф, плус има и едно реми, па со 28 бодови е сигурен лидер на табелата во Бундеслигата.

Одлично започна Баер и на полувреме водеше со 2:0, но Хофенхајм се врати резултатски во второто полувреме, па по 60 минути игра, резултатот беше 2:2. Сепак, дека Баер е и ментално силна екипа покажа со погодокот на Грималдо во 70 минута за 3:2, што на крајот се покажа и како клучен за триумф на гостите.

Во останатите мечеви кои се играа попладнево во Бундеслигата: Келн – Аугсбург 1:1, Мајнц – Лајпциг 2:0, Унион Берлин – Ајнтрахт 0:3, Фрајбург – Борусија Менхенгладбах 3:3.

- Оглас -

Најнови вести