Баер Леверкузен остана непоразен на гостувањет кај Баерн Минхен, дерби средбата од Бундеслигата заврши 1-1, па сега Баерн има девет бода плус во однос на Борусија Дортмунд која има и еден меч помалку.
Фармацевтите кои се трети на табелата, го неутрализираа нападот на Баерн, ѕвездите Левандовски, Гнабри и Мусијала немаа ден и не успеаја да дадат гол, од офанзивците погоди само Томас Милер, но за негова несреќа, во мрежата на Баерн. Погодокот за германскиот првак го даде дефанзивецот Зуле.