Лидерот на табелата во Бундеслигата, Баер Леверкузен, со два гола во последните пет минути од мечот успеа да слави во втората рунда од Германскиот куп и да се пласира во осминафиналето. Фармацевтите со 5:2 славеа на гости против Сандхаузен, кој двапати успеваше да го анулира водството на бундеслигашот.
Паласиос го отвори резултатот во 21-вата минута, но Ајхлих погоди за Сандхаузен во 50-тата минута. Радоста на домашните навивачи траеше само четири минути, кога Тах погоди за 1:2. Третолигашот само три минути подоцна успеа да израмни, но не можеше да го издржи притисокот од лидерот во Бундеслигата, кој во 85-тата, 88-мата и 92-рата минута постигна три гола преку Хлозек и Адли (два гола) за триумф од 2:5.
Во дерби-пресметката, Борусија Дортмунд со минимални 1:0 го победи Хофенхајм. Стрелец на единствениот гол беше Марко Ројс во финишот од првото полувреме.
Изненадување направи второлигашот Падерборн, кој со 3:1 славеше против Фрајбург, и тоа како гостин.