Фудбалерите на Баер Леверкузен продолжуваат со одличните игри сезонава и во 22-то коло во Бундеслигата дојдоа до 18-та победа. Фармацевтите се единствен тим во петте најсилни лиги во Европа кои сè уште немаат пораз во домашниот шампионат.
Последна жртва на Баер е Хајденхајм кој е совладан со 2:1 и тоа на гости.
Во последните моменти од првото полувреме, Фримпонг му донесе водство на Баер од 0:1, а во 81-та минута Адли погоди за 0:2.
Домаќинот во последните моменти од мечот успеа да намали на 1:2 благодарение на голот на Пиерингер.