ФИФА не се откажува: Финалисима ќе се игра во Доха?!

Светската фудбалска организација, ФИФА, нема намера да го одложи или да го премести мечот помеѓу Аргентина и Шпанија, познат како Финалисима. Дуелот во којшто играат најдобрите екипи од Европа и Јужна Америка е планирано да се одигра на 27 март во Доха, Катар, но постојат безбедносни ризици на Блискиот Исток, кои може да доведат до негово одложување или комплетно откажување.

Стадионот „Лусаил“ во Доха е планирано да биде домаќин на Аргентина и Шпанија, но веќе се шпекуира дека овој дуел може да биде преместен во Лондон или Мадрид, па дури и во САД. Сепак, најавите од ФИФА се дека во моментов не се разгледува никакво преместување и натпреварот останува закажан во Доха.

Според најавите, конечната одлука ќе биде донесена во текот на следната недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести