Баерн без јунакот гостува на стадионот на којшто минатата сезона ја освои титулата

5665 Ал-Етифак – Ал-Итихад (16.00 часот)

Домашните, чиј тренер е Стивен Џерард, имаат серија од три меча по ред без пораз и имаат само два бода помалку од актуелниот првак, кој е предводен од Карим Бензема. Ал-Итихад е далеку од одбрана на титулата и нема да му биде лесно против екипа која во претходните две кола одигра мечеви без голови. Ал-Итихад уште од септември нема лигашка победа на гостински терен, но победуваше и даваше по три гола на последните две гостувања во Дамам, кај некогашниот клуб на Дарко Велковски.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.09)

 

1801 Келн – Баерн (20.30 часот)

Јарците се најнеефикасен тим во Бундеслигата само со 9 гола во 11 меча, а Баерн предводен од Хари Кејн даде дури 42 и прими само девет. Баерн се бори за титула, во 11 кола има девет победи, нема пораз, а Келн има само една победа и претпоследен е на табелата. Последниот пораз на Баерн од Келн беше пред 12 години. Во минатата сезона, Баварците на овој стадион победија со 2-1, со гол на Мусијала во 89-тата минута, што им донесе титула. Вечерва Мусијала нема да игра.

Предлог тип: 2 & 2-5 (1.71)

 

1701 ПСЖ – Монако (21.00 часот)

Во ова дерби во француската лига, ПСЖ влегува како прв, а Монако како трет на табелата. Светците имаат три бода повеќе, а и во подобра форма се според резултатите во последно време. Ова се двата најефикасни тима во лигата, а Мбапе ќе има мотиви против својот ексклуб. Во двата тима има по неколку повредени играчи, но парижаните се фаворити иако традицијата е против нив. Последниот пораз на Монако од ПСЖ беше во декември 2021 година, тоа е и последниот меч на кој Мбапе им дал гол на Кнезовите.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.93)

 

1301 Алавес – Гранада (21.00 часот)

Гранада има само 7 бода од 13 кола, има само една победа сезонава и ја има втората најслаба одбрана во шпанското првенство. Ни Алавес не блеска, има скромни 12 бодови и исто така се бори за опстанок, а проблем му е ефикасноста, само Кадис има дадено помалку голови од нив. Последната победа на Гранада беше во август. Алавес на последните пет меча дома ниту еднаш не постигна повеќе од еден гол. Статистиката вели дека ќе нема многу голови, но традицијата го кажува обратното, на последните шест нивни дуела секогаш двата тима давале гол.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.06)

 

1011 Ротерам – Лидс (21.00 часот)

Лидс е во серија од три победи едноподруго, трет е на табелата во Чемпионшип, па важи за фаворит на ова гостување кај Ротерам, кој е трет, ама од долу и во опасната зона. Ротерам има само две победи по 16 одиграни кола и просек од два примени гола по меч. Лидс на последните четири меѓусебни дуела со Ротерам (последен пат се сретнаа во 2019 година) секогаш даваше барем по два гола. Лидс славеше со 2-1 на последните две гостувања кај Ротерам, а пред тоа домашните двапати по ред победуваа со истиот резултат.

Предлог тип: ГГ (1.75)

- Оглас -

Најнови вести