10.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025

Баерн денеска ќе израмни, а следната недела ќе постави еден бундеслигашки рекорд

Баерн Минхен попладнево од 15.30 часот ќе му биде домаќин на Фрајбург во натпревар од 11-то коло од Бундеслигата, а без оглед на исходот, Баварците ќе останат на врвот на табелата во германското првенство и ќе израмнат еден рекорд.

Баерн во моментов има шест бода предност пред најблискиот ривал Лајпциг и загарантирано им е дека ќе бидат први на табелата во Бундеслигата дури 43 кола по ред, израмнувајќи го рекордот поставен од нив, но под водство на Удо Латек помеѓу март 1972 и јуни 1973 година.

- Оглас -

Најнови вести