Баерн доведе тинејџер кој се смета за светски талент, а го платија само три милиони евра (Видео)

Талентираниот 17-годишен Нестори Иранкунда ќе биде нов играч на Баерн Минхен. Фудбалерод кој игра за селекцијата на Австралија, а е роден во Танзанија, ќе пристигне на „Алијанц Арена“ за трансфер од три милиони евра, плус бонусите.

Аделаида јунајтед е клубот во кој тинејџерот игра во моментов и се смета за еден од најголемите таленти во светот.  Уште како 15-годишно момче Иранкунда дебитираше во сениорскиот тим на Аделаида и во 69 меча кои досега ги одигра, постигна вкупно 15 погодоци.

Тинејџерот го краси неверојатна брзина, а има и многу силен шут, па голманите често немаат ни шанса да реагираат.

- Оглас -

Најнови вести