Баерн е подготвен за историски трансфер од 100 милиони евра, целта ќе биде нов напаѓач и изборот е сведен на две имиња

Управата на Баерн Минхен одлучи налето да потроши 100 милиони евра за ангажирање на елитен напаѓач, тврди германскиот новинар Флоријан Плетенберг.

Новинарот тврди дека изборот на нова деветка е сведен само на две имиња, Виктор Осимен од Наполи и Рандал Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт.

Баварците уште минатото лето имале контакти со агентот на Осимен, но тогаш сумата од 100 милиони евра им изгледала преголема, но сезонава покажа дека Ерик Максим Чупо-Мотинг не може да биде единствен напаѓач.

Најголемиот трансфер на Баерн е тој на Лукас Ернандес, за кого плати отштета од 80 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести