Баерн е во резултатска криза, сè уште нема победа во 2023 година 

Актуелниот германски шампион сè уште чека на првата победа во 2023 година, откако и вечерва не успеа да слави пред своите гледачи.

Баварците на „Алијанц Арената“ одиграа 1:1 против Ајнтрахт во рамки на 18-то коло од Бундеслигата.

Интересно е што сите три натпревари во 2023 година во Бундеслигата за Баерн завршија со идентичен резултат. Годината ја започнаа со ремито во дербито против Лајпциг, а пред четири дена ремизираа и против Келн.

Вечерва поведоа со голот на Лерој Сане во 34-та минута, но победата им ја украде Коло-Муани кој постигна гол во 69-та минута.

- Оглас -

Најнови вести