7.8 C
Skopje
сабота, 14 февруари 2026

Баерн го освои Бремен, сите други домаќини славеа во Бундеслигата

Фудбалерите на Баерн Минхен остварија убедлива победа на гости кај Вердер Бремен со 0-3, додека важни триумфи забележаа и Баер Леверкузен, Ајнтрахт Франкфурт, Хофенхајм и Хамбургер.

Интересно е што денеска домаќините бележеа убедливи победи, додека единствениот гостин што славеше беше Баерн Минхен, кој со два гола на Хари Кејн и еден на Леон Горецка го запиша триумфот во Бремен.

Баерн практично го реши прашањето за победник во три минути од првото полувреме, благодарение на Кејн. Англичанецот прво во 22-та минута реализираше пенал, што претходно беше изнуден од одличниот Карл. Во 25-тата минута Кејн по додавање од Луис Дијаз прецизно погоди во првиот агол за 0-2.

Сè беше решено во 70-тата минута кога Горецка постигна трет погодок. Луис Дијас мина по левата страна, го најде Мусијала, кој проследи до Дејвис, а акцијата ја заврши Горецка за конечни 0-3.

Баер Леверкузен исто така брзо го решија мечот со Сент Паули во првото полувреме. Во 13-тата минута Куанса искористи додавање од Поку за 1-0, а само минута подоцна Шик по додавање од Лукас зголеми на 2-0. Во 52-та минута Тапсоба постигна трет погодок за домаќините, а во 78-та минута Поку го потврди убедливиот триумф 4-0.

Ајнтрахт Франкфурт пред своите навивачи славеше со 3-0 над Борусија Менхенгладбах.

Фудсбалерите на Хофенхајм исто така беа расположени, победувајќи го Фрајбург со 3-0.

Славеше и Хамбургер со 3-2 над Унион Берлин.

- Оглас -

Најнови вести