-0.2 C
Skopje
вторник, 24 февруари 2026

Баерн го „преживеа“ Берлин и ќе оди понатаму во Купот на Германија

Фудбалерите на Баерн Минхен изборија пласман во четвртфиналето од Купот на Германија откако во драматичен дуел го совладаа Унион Берлин со 2-3. Иако домаќинот пружи жесток отпор и постојано беше во игра, Баварците успеаја да го потврдат квалитетот и да се вратат дома со победа.

Баерн веднаш го наметна темпото и поведе уште во 12-тата минута, кога Анса по корнер си постигна автогол. Само четири минути подоцна, Хари Кејн ја зголеми предноста на 0-2 по нов прекин, скокајќи највисоко на топката на Кимих.

Унион Берлин доби шанса да се врати во мечот во 39-тата минута, кога по игра со рака на Џонатан Та доби пенал. Кеферд беше прецизен и намали на 1-2.
Но, надежта кратко траеше бидејќи Диого Леите само неколку моменти подоцна со втор автогол за домаќините донесе ново водство за Баерн од 1-3.

Второто полувреме започна со нови проблеми за гостите, се повреди Павловиќ, а Компани мораше да реагира со принудна замена. Во 53-тата минута ситуацијата дополнително се искомплицира за Баерн откако Кејн при скок направи пенал, кој Кеферд повторно го претвори во гол за 2-3.

Унион Берлин доби силен ветер во грб и до крајот на мечот имаше две големи шанси за израмнување, па дури и ја погоди стативата по грешка на Горецка. На спротивната страна, Луис Дијас постигна гол во 76-тата минута, но беше поништен поради офсајд.

- Оглас -

Најнови вести