Алекс Грималдо ќе го напушти Баер Леверкузен следното лето, а за него има интерес од два европски гиганти.
Баерн Минхен ја следи ситуацијата околу 30-годишниот играч, но самиот фудбалер „би претпочитал да се врати во Шпанија“ доколку дојде време да донесе таква одлука.
Барселона е заинтересирана за Грималдо, иако досега не се преземени конкретни чекори за негово ангажирање. Од Баер Леверкузен не би сакале еден од нивните најдобри играчи да прејде во Баерн.
„Доколку Грималдо одлучи да се врати во Шпанија, нема да му стоиме на патот“, изјавија од раководството на Аспирините. Дефанзивецот беше дел од вториот тим на Барселона во периодот од 2011 до 2015 година, а претходно тренираше и во академијата на каталонскиот клуб.

