Елче не можеше да ја сопре Барса (Видео)

По поразот кај Реал Сосиедад, Барселона се врати на победнички пат на гостински терен во Ла Лига, откако го совлада Елче со 1-3.

Барселона уште од почетокот го диктираше темпото, а водството дојде со првиот напад. По прецизна топка на Олмо, Јамал се најде сам пред голманот на Елче и со прецизен удар ја затресе мрежата за 0-1.

И покрај водството, Каталонците не го намалија темпото и продолжија со силен притисок. Сепак, од првата сериозна шанса домаќините успеаја да израмнат со голот на Родригез за 1-1.


Пред крајот на полувремето, Феран Торес со својот дванаесетти погодок сезонава донесе ново водство за Барса од 1-2.

Во второто полувреме, тренерот Ханси Флик доби лоши вести, Рафиња поради повреда не можеше да продолжи, а на негово место влезе Маркус Рашфорд. Токму Рашфорд во 72-та минута ја потврди победата за Барселона со конечни 1-3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести