Баерн и Кејн се договорија, но Тотенхем ја одби првата понуда на Баварците

Германскиот весник „Билд“ пренесува дека Баерн Минхен и Хари Кејн веќе ги договориле личните услови за фудбалерот да се пресели на „Алијанц арената“. Сепак, во моментов проблем претставува Тотенхем, кој и официјално ја одби првата понуда од Баварците.

Германскиот гигант понуди 70 милиони евра, но таа понуда експресно беше одбиена бидејќи од Тотенхем бараат 100 милиони евра. Останува да се види дали раководство на Баерн Минхен ќе ја зголеми понудата за 30 милиони евра или и дефинитивно ќе се откаже од потписот на Кејн.

Најзагреан за трансферот на англискиот репрезентативец беше Реал Мадрид, но раководството на клубот се откажа кога ја дозна цената од 100 милиони евра за фудбалерот кој има 29 години.

- Оглас -

Најнови вести